Во Кина погубен менаџер поради примање мито
Баи Тианхуи, поранешен извршен директор на компанијата за управување со финансиски средства „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, беше погубен во Кина откако беше осуден за примање мито во вредност од 156 милиони долари.
Егзекуцијата е извршена во општината Тјанџин во северна Кина по одобрение од Врховниот народен суд, според државната новинска агенција Синхуа.
Со пресудата донесена во мај 2024 година, Баи беше осуден на смрт, му беа одземени политичките права доживотно, беше наредена конфискација на неговиот личен имот и беше наредено сите негови нелегално стекнати добивки да бидат вратени во државната каса.
Баи поднесе жалба на пресудата, но Вишиот народен суд во Тјанџин ја отфрли неговата жалба во февруари оваа година.
По прегледот, Врховниот народен суд утврди дека Баи ја злоупотребил својата положба помеѓу 2014 и 2018 година за нелегално да прими мито во вкупен износ од 1,108 милијарди јуани (речиси 157 милиони долари).
Врховниот народен суд пресуди дека злосторствата на Баи се особено сериозни и ја одобри одлуката на Вишиот народен суд во Тјанџин со која се потврдува смртната казна.
На Бај му било дозволено да се сретне со своите роднини пред неговата егзекуција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Кина погубен менаџер поради примање мито
Баи Тианхуи, поранешен извршен директор на компанијата…
Коњановски во работна средба со британскиот амбасадор…
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска…
Трамп сака да ги запре борбите меѓу…
Претседателот на САД, Трамп, има намера да…
СДСМ: Ќе ја потпише ли ВМРО-ДПМНЕ Резолуцијата…
Цел ден нема одговор од ВМРО-ДПМНЕ дали…
Фатмир Лимани го напушта Движењето БЕСА, создава…
Лидерите на коалицијата ВЛЕН го разгледуваат предлогот…