Во Македонија има 705.165 вработени и 91.765 невработени лица

t

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на невработени лица во третото тримесечје од 2025 година е зголемен за 0.4 % во споредба со второто тримесечје од 2025 година, а е намален за 6.7 % во споредба со истото тримесечје од минатата година.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 62.4 %, а жени 37.6 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0.5 %. Од вкупниот број вработени, 57.8 % се мажи, а 42.2 % се жени.

Учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени лица се 100 619, што е за 2.5 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 48.8 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.7 % во секторот Градежништво.

  • Активно население: 796 930 лица
  • Вработени: 705 165 лица
  • Невработени: 91 765 лица
  • Стапка на активност: 52.5
  • Стапка на вработеност: 46.5
  • Стапка на невработеност: 11.5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија има 705.165 вработени и 91.765…

Според податоците на Државниот завод за статистика…

Битиќи: На крај на годината во буџетската…

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот…

Ќе плаќаме поскапа струја? ЕСМ на „ЕВН…

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична…

Грам злато чини 115 евра

Според податоците од Kitco, денес цената на…

„Не е крај на светот“: Масовни отпуштања…

Во „четвртата економија“ во Европа баш и…