Во Македонија нема спорна бебешка храна на брендот HiPP

t

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека во моментов нема добиено официјална нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е дистрибуиран небезбеден производ од брендот HiPP.

Станува збор за храна за бебиња во стаклена тегличка од 190 грама, со вкус на морков и компир, која е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји.

Од АХВ појаснуваат дека ја следат состојбата и дека ќе реагираат навремено доколку се појави потреба за дополнителни мерки.

Дополнително, од овластениот дистрибутер на производите на HiPP во Северна Македонија е доставено писмено известување дека спорниот производ воопшто не е увезен во земјата и не е пласиран на домашниот пазар.

Институцијата нагласува дека продолжува со редовно следење на состојбата и координација со европските системи за безбедност на храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија нема спорна бебешка храна на…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира…

Храната речиси и да не поскапела од…

Цените на основните прехранбени производи во просек…

Србија ќе го ограничи извозот на храна…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Германија разгледува укинување на ДДВ за храна,…

Поради зголемувањето на цените на горивата, расте…

ФАО: Зголемени цените на храната поради војната…

Светските цени на храната се покачија во…