Во оваа база има нуклеарно оружје! Сирени во базата на НАТО Инџирлик: Над Турција неутрализирана балистичка ракета лансирана од Иран
Турското Министерство за одбрана објави дека балистичка ракета лансирана од Иран, која влегла во турскиот воздушен простор, била неутрализирана од воздушните и ракетните одбранбени системи на НАТО распоредени во Источниот Медитеран.
Во соопштението за медиумите, се наведува дека Турција ги презема сите потребни мерки против каква било закана насочена кон нејзината територија и воздушен простор. Се додава дека се во тек консултации со надлежната држава со цел да се разјаснат сите околности на инцидентот.
Сирените што се огласија во турската воздухопловна база Инџирлик, клучен објект на НАТО во кој се сместени и американски трупи, околу 3.25 часот во петокот ги разбудија жителите на Адана, град оддалечен 10 километри од базата. Според порталот „Економим“ во базата Инџирлик бил издаден црвен аларм.
На социјалните мрежи се појавија снимки што со мобилни телефони ги направиле граѓани, на кои се гледа светлечки објект како лета низ небото, што сугерира дека станува збор за ракета насочена кон воздухопловната база.
Овој инцидент се случи четири дена откако воздушната одбрана на НАТО собори балистичка ракета во турскиот воздушен простор за која се тврдеше дека е испукана од Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во оваа база има нуклеарно оружје! Сирени…
Турското Министерство за одбрана објави дека балистичка…
Рама за „Туркие Тудеј“: И покрај моите…
Албанскиот премиер, Еди Рама, во интервју за…
Единствената фабрика за вештачки ѓубрива во Романија…
Раководството на фабриката бара од романската влада…
Трамп: Иранците во САД под надзор поради…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…
Ќе запре кога ќе почувствува во коските:…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските…