Објавено на:

Во пожар на куќа кај Скадар животот го загубија мајка и две малолетни деца

t

Трагичен настан се случи попладнево во селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија, во кој при пожар во куќа животот го загубила мајка со две малолетни деца.

Според првичните информации од увидот пожар избувнал во кујната каде жената готвеле и со голема брзина се проширил, што условиле неможност да излезат од куќата.

“Како последица на пожарот  животот го загубија 24-годишна жена и нејзините две малолетни деца, на возраст од една и пол, односно три години. Истрага треба да ги разјасни причините за трагедијата, стои во полициското соопштение.

На местото пронајдена е експлодирала плинска боца и канистер во кој имало бензин.

Поради непристапниот терен, интервенцијата на противпожарната служба била многу тешка. Куќата се наоѓала во планински предел, на околу 30 минути пешачење од автопатот, а кога противпожарната служба пристигнала на местото на настанот, објектот бил речиси целосно уништен.

Дел од медиумите пренесуваат дека жртвите деновите пристигнале од Германија, каде што живееле,  и се сместиле во нивниот поранешен дом. Сопругот во моментот не бил дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во пожар на куќа кај Скадар животот…

Трагичен настан се случи попладнево во селото…

БМВ крати 8.000 работни места, Ауди може…

BMW крати 8.000 работни места, додека околу…

Судот му го врати пасошот, Марковски замина…

Марковски замина од Македонија преку граничниот премин…

Измамил граѓанин за 5.150 евра ветувајќи му…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот…

Белата куќа со нови тврдења: COVID-19 потекнува…

Белата куќа објави официјална интернет-страница насловена „Lab…