Во првите 12 часа од пробното функционирање на “Сејф сити” регистрирани 65.000 прекршоци

t

За 12 часа системот „Безбеден град“ (Сејф Сити) регистрирал неверојатни 65 илјади прекршоци, извести на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Со овој проект започнуваме нова етапа во унапредувањето на сообраќајната безбедност – сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат електронско известување за сторениот прекршок, документиран со современи технички средства и уреди за снимање. Нашата цел е јасна: повеќе безбедност, помалку прекршоци и нулта толеранција за несовесно возење, без разлика дали се работи за урбана зона или пат надвор од населено место, напиша тој.

Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот биле регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2.800 и за нерегистрирано возило 1.000.

Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата. Со „Безбеден град“ обезбедуваме подобра дисциплина во сообраќајот, транспарентни процедури и брза електронска комуникација со граѓаните. Овој систем е инвестиција во спасени животи и побезбедни улици за сите. Продолжуваме посветено да ги модернизираме процесите и да го унапредуваме квалитетот на работата на МВР, напиша министерот за внатрешни работи Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во првите 12 часа од пробното функционирање…

За 12 часа системот „Безбеден град“ (Сејф…

Предлозите за министерските позиции на Хоџа и…

Собранието на Република Северна Македонија информира дека…

Словенечка компанија разви една од најмоќните батерии…

Инженерската компанија RTC разви една од најмоќните…

Македонците сметаат дека пристојна плата е 1075…

Секој трет работник во Србија ја сменил…

Гостивар остана без вода, машини на „Бехтел…

Градежна механизација на компанијата „Бехтел и Енка“…