Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2025 година.
Исплатата се однесува на следните права:
Гарантирана минимална помош
Гарантиран Детски додаток
Додаток за социјално домување
Еднократна парична помош
Еднократна парична помош за новороденче
Образовен додаток
Образовен додаток – студирање
Родителски додаток за трето дете
Социјална сигурност за стари лица
Траен надоместок
Цивилна инвалиднина
Сместување во згрижувачко семејство.
Исплатата на правата: Посебен додаток, Парична помош за попреченост и Туѓа нега ќе се изврши дополнително.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Јануари 2026 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
05.01.2026– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
06.01.2026– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во тек е исплатата на правата од…
Министерството за социјална политика, демографија и млади…
Во тек е исплатата на правата од…
Министерството за социјална политика, демографија и млади…
Започна исплатата на повратот од „Мој ДДВ“
Граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата…
„Мој ДДВ“ ќе се исплати до крајот…
Граѓаните што скенираат фискални сметки преку апликацијата…
Седум општини ќе добијат пари од Швајцарија…
7,5 милиони швајцарски франци ќе бидат распределени…