Во Хрватска во тек е јавна дебата за изградбата на првата нуклеарна централа
Во Хрватска, Предлог-законот за примена на нуклеарна енергија за цивилни цели, изготвен од работна група составена од голем број експерти од областа, е пуштен на јавна дебата, што всушност е првиот сериозен правен чекор во долгорочниот и скап процес на изградба на првата нуклеарна централа на хрватска територија.
Во последните месеци, министерот за економија Анте Шушњар често се појавуваше во јавноста со идејата дека Хрватска треба да изгради сопствена нуклеарна централа, што во овие нови геополитички околности и трендови на напуштање на фосилните горива, како и во времето на револуцијата на вештачката интелигенција и потребата од огромни количини електрична енергија, би донело стабилност во електроенергетскиот систем на земјата и би влијаело на намалувањето на емисиите на штетни гасови, пренесува „Танјуг“.
Од нацрт-верзијата на предложениот закон е јасно дека Хрватска во иднина во голема мера ќе се потпира на нуклеарна енергија. Планот е една третина од електричната енергија до 2040 година да доаѓа од нуклеарни извори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Хрватска во тек е јавна дебата…
Во Хрватска, Предлог-законот за примена на нуклеарна…
Просечната нето плата во Хрватска достигна 1.470…
Просечната октомвриска нето плата во Хрватска изнесуваше…
Детски психијатар во Хрватска со години злоставувал…
Детски психијатар (46) од Болничкиот центар во…
Хрватска ќе одлага радиоактивен отпад на границата…
Хрватскиот парламент денес го усвои, по итна…
Хрватска, Португалија и Романија со најголемо зголемување…
Во третиот квартал од 2025 година, стапката…