Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет.
Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27 до 31 јули 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа од вкупно 42 мерни места на територијата на Скопје.
Од јавното претпријатие информираат дека резултатите од испитувањата покажале оти сите анализирани примероци се во согласност со Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење, што значи дека водата е исправна и безбедна за употреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…
Слаб земјотрес вечерва во Скопје
Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…
Тинејџер со пиштол шетал низ Скопје
На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар…
Од септември бесплатни униформи за средношколците во…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше…
Меџити: Историската меморија се гради со оддавање…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно…