Возач излета со возилото во приватен двор во Волково

t

Автомобил излетал од коловозот, се искачил на тротоар и удрил во ограда на приватен имот во Волково, во близина на местото викано „Шкорпион“ во Ѓорче Петров. Инцидентот се случи во вечерва, а според сведоштво на очевидец, за среќа во моментот на несреќата на тротоарот немало пешаци ниту други возила. Од фотографиите и пораките што ги испрати очевидецот, може да се види дека дека невниманието на возачот можело да доведе до голема катастрофа. Повикана беше полиција која правеше увид, а возачот ќе биде тестиран за алкохол.

„Излета на тротоар и удри кај комшијата во ограда. Лом им направи. Среќа што немаше возила и луѓе на тротоар. Овде е страшно да се живее веќе. Хаос“, стои во сведочењето за „Скопје1“.

Жителите реагираат дека ваквите сообраќајни инциденти се зачестени и апелираат до институциите за зголемени контроли, особено во вечерните и ноќните часови, како и за подобра сообраќајна сигнализација и физички мерки за заштита на пешаците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возач излета со возилото во приватен двор…

Автомобил излетал од коловозот, се искачил на…

Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот…

Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите…

Од Алјаска до Патагонија: како САД ја…

Кога ќе се собере производството на нафта…

Снег, дожд и ниски температури низ цела…

Снег, замрзнат дожд и многу ниски температури…

Американски коментатор: Нафтата од Венецуела не ѝ…

Во најновата епизода од својата емисија, американскиот…