Возач од Велес возел со 2,84 алкохол во крвта
На 26.10.2025 во 16:40 часот, на регионален пат Штип-Велес, во близина на крстоцница кај село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.М.(34) од село Иванковци, велешко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,84 промили алкохол во крвта.
На 26.10.2025 во 10:00 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ѓ.С.(54) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген кеди“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На ГП Табановце откриена акцизна роба, алкохол…
Денска од страна на инспектори од Одделот…
Лишен од слобода возач кој „дувнал“ 1,51…
На 18.05.2025 во 01.10 часот на улица…
“Малку испил”: Струмичанец возел со 2,34 промили…
Околу 09:50 часот полицијата денеска регистрирала 48-годишен…
МВР “не застана”: 190 казни само во…
Во засилените контроли во областа на сообраќајот…
Како стасал до колата?! Во Илинден фатен…
Во текот на изминатата вечер (08/09.10.2022) Мобилната…