Возел со 2,35 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

t

На 09.03.2026 во 21:25 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишија од слобода И.Д.(43) од Гевгелија. Претходно, околу 21:00 часот во с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш потоа изгубил контрола и со возилото удрил во споменик во центарот на селото. Притоа, тој се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош од екипа на Итна медицинска помош Гевгелија. Додека, по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото со 2,35 промили алкохол во крвта и дека регистарските таблички припаѓале на друго возило. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возел со 2,35 промили алкохол во крвта…

На 09.03.2026 во 21:25 часот во с.Богородица,…

Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки…

Основното јавно обвинителство Битола со координација на…

Поранешен сопруг ѝ се заканувал на жена…

Педесет и едногодишна жена од Скопје пријавила…

Мајка го пријавила синот дека психички ја…

Полицискиот билтен изобилува со вести за психичко…

Штипјанец нападнал десетгодишно девојче пред игротека

Штипјанец на возраст од 21-годишниот синоќа во…