Возеле без возачка дозвола: Одземени автомобили во Делчево, Виница и Кочани
На 17.02.2026 во 02:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР
Делчево го лишија од слобода А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско. При контрола во
патниот сообраќај, полициските службеници на ул.„8 Септември“ во Делчево
сопреле патничко возило „бмв“ со делчевски регистарски ознаки, кое го
управувал и по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото,
без претходно положен возачки испит. Возилото е одземено, а по целосно
документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.02.2026 во 13:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани
го лишија од слобода К.Д.(28) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај,
полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со
кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е
констатирано дека го управувал возилото без претходно положен возачки
испит. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против
него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.02.2026 во 19:50 часот на магистралниот пат Делчево – Кочани, кај
Виничка крстосница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од
слобода И.В.(25) од Виница. При контрола во патниот сообраќај, полициските
службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки
од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е
констатирано дека го управувал возилото и покрај тоа што имал активна
забрана за управување со моторно возило од Б категогија и дека е под дејство
на алкохол, односно дека има 1,14 промили алкохол во крвта. Возилото е
одземено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде
поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возеле без возачка дозвола: Одземени автомобили во…
На 17.02.2026 во 02:30 часот во Делчево,…
Велосипедист со тешки повреди пренесен во болница…
На 14.02.2026 во 19:10 часот во ОВР…
60-годишна жена натепана на автобуска постојка
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје,…
Маж нападнал 17-годишна девојка со нож, осомничен…
Струга – ОВР Струга поднесе кривична пријава…
Човек се обидел да прегази работници во…
Во СВР Скопје вчеравечер во 20:00 часот…