(Вознемирувачко фото) Заловените крави од Крива Паланка умираат од глад и во нехумани услови?

t

Не завршува приказната со познатите „крави од Крива Паланка“ кои веќе со години се проблем со кој државата никако да се справи, барем не успешно. Откако 81 животно беа заловени во Крива Паланка од страна на Агенцијата за храна и ветеринсрство, како надлежен државен орган задолжен за хуман третман на животните, во јавноста беа споделени информации дека истите ќе бидат продадени. Но како би продале животни кои секој ден умираат?

Извори на Инфомакс алармираат дека третманот на запленетите животни е несоодветен, истите умираат од глад, иако моментално се во сопственост на АХВ која треба да им обезбеди хуман третман до моментот на продавање на истите.

– Државната институција која е задолжена да го контролира хуманиот третман на животните, во моментов врши свесно изгладнување до смрт на стотина запленети грла говеда. Наместо да бидат згрижени по одземањето, животните се оставени без храна и соодветна нега во кланицата во село Раклиш, Радовиш, вели извор на Инфомакс.

Според информациите кои ги добивме, дваесетина животни веќе угинале од глад и несоодветен третман.

​Причина за смрт, неофицијално е екстремна неухранетост (изгладнување) и дехидрација. Преживеаните животни се во критична состојба.

До нашата редакција беа испратени и фотографии на кои јасно се гледаат угинати животни во кал, екстремно слаби (коска и кожа) и во несоодветни хигиенски услови. Сликите се направени на терен во објектот каде АХВ ги депонирала животните, иако истите мораат да бидат третирани строго согласно законските одредби откако ќе угинат.

„Одгледувач„ или „Сопственик“ е физичко или правно лице или лица одговорни или задолжени за животните дури и времено, е дефиницијата која ја дава Законот.

Законот за благосостојба на животните, во членот 4 наведува:

(1) Во секој можен случај и под секакви околности, секој треба да дејствува на хуман и грижлив начин кон животните.
(2) Сместувањето на животните треба да биде на начин со кој ќе се избегне штетното влијание на надворешните фактори од животната средина.
(3) На животните треба секојдневно да им се обезбеди вода за напојување со соодветен квалитет како и храна со соодветна хранлива вредност, хигиенски исправна и соодветна за нивната старост и вид заради оддржување на здравјето и физиолошките потреби.

(4) На животните треба да им се обезбеди нормално однесување имајќи го во предвид видот, старосната категорија и нивните физиолошки и етолошки потреби.

(6) Забрането е предизвикување на болка, патење или повреди, сурово и нехумано однесување и убивање на животните во спротивност со одредбите од овој закон.

Понатаму, Законот е уште попрецизен во членот 12 каде се наведува:

(1) Одгледувачите и/или сопствениците на животни треба да обезбедат заштита и благосостојбата на животните кои се под нивна грижа и да спречат нанесување на непотребна болка, страдање или повреда.
(2) Одгледувачите и/или сопствениците на животни треба да обезбедат соодветни услови за животните (со исклучок на риби, влекачи или амфибии) кои ги размножуваат или се чуваат, имајќи ги во предвид видот и степенот на развој, приспособување и доместификација, нивните физиолошки и етолошки потреби, стекнатите искуства и научните достигнувања.

(4) Одгледувачите и/или сопствениците на животни треба да поседуваат вештини за одгледување, грижа и нега кон животните кои ги држат или да ангажират соодветно квалификувани лица. Одгледувачите и/или сопствениците на животните треба да обезбедат соодветни живеалишта и простор за сместување и опрема која ги исполнува минималните стандарди за заштита и благосостојба на животните.

Покрај нехуманиот третман на животните, се поставува и прашањето дали се одвоени буџетски средства за храна на овие животни и каде завршиле тие пари ако животните не се хранат како што е потребно? Дали свесната негрижа која довела до смрт на животните е штета по имотот и Буџетот на државата, бидејќи истите се државна сопственост и самата Агенцијата за храна и ветеринарство претходно најави дека заловените грла ќе бидат продадени на заинтересирани граѓани.

„Ќе биде утврден здравствениот статус на 81 одземено животно и ќе се спроведе испитување на болести согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните. По реализирањето на овие активности согласно владиниот заклучок, ќе биде утврдена нивната пазарна вредност и ќе се распише јавен повик за нивно отуѓување. АХВ согласно задолжувањето од Владата, ќе обезбеди услови за привремено чување на одземените животни согласно Законот за благосостојба на животните“ беше соопштено од АХВ.

​Од АХВ до овој момент не одговорија на нашите прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко фото) Заловените крави од Крива Паланка…

Не завршува приказната со познатите „крави од…

АХВ тврди: Не е волк, се работи…

Откако во јавноста се појавија информации дека…

АХВ изрече над 19 илјади евра казни…

Парични казни од над 19 илјади евра…

АХВ врати 10 тони јагнешка кожа што…

Во рамки на засилените контроли на граничните…

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по…