Вонредни инспекциски надзори во Злокуќани – утврдени неправилности кај бесправно изградени објекти
Општина Карпош, преку Секторот Инспекторат, во соработка со Полициската станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски контроли во Злокуќани.
Од Општината информираат дека при контролите, биле утврдени неправилности кај бесправно изградени објекти, по што се започнати соодветни инспекциски постапки.
Паралелно, бил отстранет кабаст отпад од јавните површини на улицата „Скупи“ и во внатрешноста на населбата, а повеќе лица биле опоменати поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота.
„Инспекциските служби разговараа и со жителите за актуелните комунални проблеми. Општина Карпош продолжува со редовни инспекциски контроли и засилени заеднички акции со полицијата, со цел поголем ред, чистота и почитување на законските прописи“, порачаа од Општина Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вонредни инспекциски надзори во Злокуќани – утврдени…
Општина Карпош, преку Секторот Инспекторат, во соработка…
Наплаќал казни во готовина: Осомничен полициски службеник…
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење…
Ковачки: Тие што со децении ја влечеа…
Никој не ги спомна со име, ама…
Уште еден безбедносен инцидент со напредни AI-системи:…
Напредните системи за вештачка интелигенција повторно предизвикаа…
Министерството за енергетика: Домашниот електроенергетски систем останува…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини…