Вотка, плукање и тепачка во авион – авион принудно слета во Приштина по тепачка меѓу патници
Авион на „Изиџет“ кој летал од Лондон кон Анталија бил принудно пренасочен и слетал во Приштина поради тепачка меѓу патници.
Инцидентот, според британските медиуми, започнал кога патничка, за која се верува дека е Британка, пиела вотка директно од шише и потоа му плукнала во лице на друг патник.
Ситуацијата брзо ескалирала, а жената се обидела физички да се пресмета со патникот преку пролазот меѓу седиштата. Во смирување на хаосот интервенирале членови на екипажот и други патници.
Авионот, кој полетал од Гетвик, бил пренасочен кон Меѓународниот аеродром во Приштина, каде што влегла полиција и ги извела двајцата патници.
Летот подоцна продолжил кон Анталија, но со околу три часа задоцнување. Од „Изиџет“ соопштија дека имаат нулта толеранција за непримерно однесување и дека безбедноста на патниците и екипажот е најважна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вотка, плукање и тепачка во авион –…
Авион на „Изиџет“ кој летал од Лондон…
Русија предупредува за можна најголема енергетска криза…
Специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација…
Големи промени во пензискиот систем: Инвестирањето ќе…
Министерството за социјална политика подготвува значајни реформи…
„Договорот за набавка на 150 автобуси во…
Понудата на унгарската компанија „Електробус- Икарус” и…
Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти,…
Во засилена акциска контрола на полицијата, во…