Војната во Украина и намерата на Путин да ја сокрие вистината
Војната измеѓу Русија и Украина трае веќе 1418 дена, а тоа е подолго од времетраењето на големата татковинска војна (Втората светска војна во Русија). Претседателот на Русија, Владмир Путин сеќавањата од таа војна ги користи за споредба со моменталната ситуација и режимот кој тој го создаде.
Не одбрана, туку напад
Лагата за војната започнува од самиот почеток. Никој не навлегол во териотријата на Русија, не ја бомбардирал и не се заканувал со уништивање на земјата. Всушност војната започна со преминување на границата, со ракети врз украинските градови, со руските тенкови што навлегоа длабоко во Украина. Само што Киев го бомбардираа руски ракети од територијата на Руската Федерација.
Лагата што ја користи Путин за почеток на војната, му помага да ја скрие вистината и прашањето зошто започна војната? Бидејќи ако се признае дека војната започнала од напад, некој ќе треба да сноси одговорност.
Не денацификација, туку тоталитаризам
Путин зборува за „антифашизмот“ и за борба против „нацисти“, користејќи ги токму оние практики од кои антифашизмот некогаш требаше да штити: култ на водачот, репресии, уништување на различното мислење, милитаризација на децата, јазик на омраза и обезличување на цели народи.
Кога една држава ги прогласува за „нацисти“ сите кои не се согласуваат со нејзината војна тоа не е борба против идеологија, туку тоа е легализација на насилство.
Не ослободување, туку уништување
Не постои „ослободен“ украински град од руска армија, постојат само урнатини, каде што некогаш живееле луѓе, кои сега се бегалци убиени цивили, депортирани деца, заложници, масовни гробници.
Само да се погледне во таканаречената „ДНР“, каде ситуацијата ја контролираат руските воени сили. „Рускиот свет“ таму изгледа како отсуство на вода, струја, разгорена криминалност и страшна корупција. Така изгледа руската слобода.
Не подвиг, туку масовно убивање
Во Русија „подвиг на народот“ се користи кога се бројат трупови, бидејќи ако убивањата не се класифицираат на овој начин, ќе биде поставено прашањето за што и кого луѓето гинат?
Министерството за одбрана на Русија избегнува да ги објави бројките за загубите, иако независните проценки на „Медиазона“ зборуваат за повеќе од 150 илјади загинати.
Не историја, туку империјализам
Говорите на Путин за „историски земји“ и „руски свет“ не се за сеќавање, туку за правото на посилниот. Оваа војна оддамна не се води „за“ туку „против“. Против Украина, нејзиниот народ, нејзиниот јазик, правото на избор. Но и против сопствените граѓани кои немаат првао да ја изберат својата иднина.
„Најстрашната измама не е во реториката, туку во тоа што убиството се нарекува подвиг, агресијата – одбрана, а уништувањето – ослободување. И колку подолго трае ова, толку повеќе луѓе живеат во свет каде јазикот престанал да биде средство за разбирање на реалноста – и станал оружје. Оружје на Владимир Путин.“
ИЗВОР: Дојче Веле
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војната во Украина и намерата на Путин…
Војната измеѓу Русија и Украина трае веќе…
ЕУ не му верува повеќе на Трамп…
ЕУ речиси целосно ја губи довербата во…
Медведев: Побрзајте или Гренлад може да посака…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
4.33 милиони луѓе кои избегале од Украина…
На 30 ноември 2025 година, вкупно 4,33…
Трамп: Зеленски нема адути, ме има само…
Владимир Зеленски никогаш немал никакви адути. Тој…