Војната со Иран го урна пазарот на недвижности во Дубаи за 30 проценти
азарот на недвижности во Дубаи претрпе значителен пад по ескалацијата на војната со Иран, откако ракетните напади во регионот на Персискиот Залив создадоа силна економска неизвесност.
Според податоците што ги пренесува Анадолу, индексот на недвижности на финансискиот пазар во Дубаи паднал за околу 30 проценти од 28 февруари.
Индексот на Финансискиот пазар во Дубаи, кој на 28 февруари изнесувал 16.140 поени, се намалил на околу 11.500 поени до затворањето на тргувањето во петокот, што е најниско ниво од април 2025 година.
Ескалацијата на конфликтот започна на 28 февруари, кога Израел и Соединетите Американски Држави започнаа заеднички напади врз Иран. Во нападите, според извештаите, загинале околу 1.200 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети кон цели во Израел, Јордан, Ирак и во неколку земји од Персискиот Залив каде се наоѓаат американски воени бази.
Во меѓувреме, американската банка Ситибанк одлучи привремено да ги затвори своите филијали во Обединетите Арапски Емирати поради безбедносната ситуација во регионот. објави Скопје1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војната со Иран го урна пазарот на…
азарот на недвижности во Дубаи претрпе значителен…
Војната со Иран ја оптоварува германската економија
Кога Соединетите Американски Држави и Израел го…
Најмалку 15 милијарди долари од извоз на…
Најмалку 15,1 милијарди долари приходи од извоз…
Пропагандистот на Путин повикува на напад врз…
Владимир Соловјов, еден од најпознатите руски пропагандисти,…
Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од…
Постојат настани во историјата на една држава…