Војската на Србија е прва во Европа што набавила хиперсонични балистички ракети, според „Милитари воч“
Српските вооружени сили се првата вооружена сила во Европа што се здоби со хиперсонични балистички ракети, пишува американското списание „Милитари воч“. Според порталот „Милитари воч“, во тек е револуција во зголемувањето на огнената моќ.
Фотографијата на која е прикажан борбен авион „МиГ-29“ на српските воздухопловни сили со две балистички ракети произведени во Кина укажува дека Србија станала втор странски корисник на овој тип ракета, наведува американското специјализирано списание.
Како што се истакнува во текстот, ова значително ги менува претходно многу ограничените ударни можности на овие авиони.
Брзината на ракетата, која може да надмине шест маха, ги прави српските „МиГ-29“ првите ловци во Европа со хиперсонични ударни можности, потврди американскиот портал.
Ракетата воздух-земја тежи 910 килограми, што им овозможува дури и на многу лесни ловци да носат две ракети. Постојат различни проценки за дострелот, кој се движи помеѓу 240 и 400 километри.
Ракетата користи инерцијална навигација, сателитска навигација и пасивно радарско водење, а може да биде опремена и со инфрацрвен или телевизиски пребарувач, наведува „Милитари воч“.
Интересно е што ниту еден друг борбен авион во Европа нема интегрирани ракети воздух-земја способни за хиперсонични брзини, вклучително и авионите на американските воздухопловни сили распоредени во бази низ целиот континент, посочува американскиот портал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војската на Србија е прва во Европа…
Српските вооружени сили се првата вооружена сила…
Индија го ограничува течниот гас за готвење,…
Здруженијата на ресторани и угостителски објекти низ…
Хезболах започна масовни воздушни напади врз Израел
Либанското шиитско движење Хезболах објави почеток на…
Виткоф: Иран одби две американски барања за…
Иран наводно отфрлил две барања за прекин…
Иран се заканува со одмазда доколку неговите…
Револуционерна гарда денеска предупреди на масовни одмазднички…