Вратени украдените книги од Државниот архив – не е оштетен материјал од државен интерес
Сите книги украдени при ноќната провала во Архивот на Република Македонија се пронајдени и вратени, а меѓу нив нема документи од јавен или државен интерес. Ова го потврди за Скопје1, директорот на Државниот архив на Македонија, Димитар Богески, кој истакна дека станува збор за постари примероци — дупликати на изданија што не се дел од основните архивски фондови.
Кражбата се случила во објектот на Архивот на улица „Московска“, кој претставува одделение на Државниот архив. Според информациите, сторителите — тројца млади лица на возраст меѓу 17 и 19 години — скршиле стакло на еден од влезовите и изнесувале книги складирани во објектот. Бидејќи возилото не можело да влезе во дворот, книгите ги пренесувале преку решетката до автомобилот.
Настанот бил пријавен од чуварот, по што полицијата интервенирала. Министерството за внатрешни работи информира дека во раните утрински часови на 6 јануари на крстосницата меѓу булевар „Партизански одреди“ и улица „Московска“ биле лишени од слобода Е.Д. (18), Х.Е. (19) и малолетник од 17 години, сите од Скопје. При преглед на возилото „Опел Тигра“ биле пронајдени украдените книги. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
„Во депото не е влегувано и тоа е најважно. Се работи за дупликати од постари изданија. Утре ќе имаме прецизна евиденција за сè што било земено,“ изјави директорот, нагласувајќи дека централните архивски фондови не биле загрозени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе делат книги за Македонците во Албанија…
38% од Бугарите не прочитале ниедна книга…
Така ќе победат во војната: Украина ги…
Врховната Рада на Украина изгласа забрана за…
Дали Украина ќе уништува 100 МИЛИОНИ КНИГИ…
Ако Олександра Ковалова, директорка на Украинскиот институт…
(Видео) Америка назад во 18 век: Масовно…
Контроверзниот пастор Грег Лок од Тенеси организираше…