Вреди одржува прв конгрес како партија, меѓу гостите се Мицкоски и премиерот на Косово, Албин Курти
Коалицијата Вреди попладнево во Скопје одржува Конгрес на која петте партии се обединуваат во еден субјект. На конгресот е најавено присуство на 850 делегати, а предвиден е официјален и работен дел, кога ќе се избираат претседатели.
На Конгресот присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски и косовскиот премиер Албин Курти, како и претставници на други политички партии од земјава.

Од Вреди најавуваат нов модел со копретседатели и други тела како што се секретаријати. Ќе бидат усвоени пет резолуции, од меѓу кои резолуција за жените со која се бара 40 проценти застапеност на жените во процесите на донесување одлуки во новата партија, резолуција за млади и еезолуција за децентрализација.

Од Вреди велат дека ова е голем ден бидејќи покрај прославата на Денот на Европа, се прославува и денот на нивното обединување како еден субјект.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вреди одржува прв конгрес како партија, меѓу…
Коалицијата Вреди попладнево во Скопје одржува Конгрес…
Лимани: За предвремени избори сум и нема…
За предвремени избори сум и нема веќе…
Албански сојуз е новото име на партијата…
Откако Алијанса за Албанците предводена од Арбен…
Јаневска: По малку разбирам албански, но ќе…
„Доколку имам повеќе време ќе се потрудам…
Вреди: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир…
По месеци давење на градот во лоша…