Вреди се прегрупира и води трка за окрупнување – забрзано се редефинираат внатрешните позиции, пред најавената реконструкција на Владата

t

ПочетнаВестиВреди се прегрупира и води трка за окрупнување – забрзано се редефинираат внатрешните позиции, пред најавената реконструкција на Владата
ВестиМакедонијаТоп вести
Вреди се прегрупира и води трка за окрупнување – забрзано се редефинираат внатрешните позиции, пред најавената реконструкција на Владата
27.02.2026 15:54

Политичко окрупнување и кадровско прочистување – владиниот коалициски партнер Вреди ги засилува обидите за обединување на сите партии од коалицијата во „едно“, пред Владата да влезе во фаза на реконструкција.

Две недели откако Касами и неговата Беса „повлекоа нога“ и партијата го распушти централното претседателство за да се трасира патот за спојување на Вреди, следуваше нов потег внатре во коалицијата.

Вицепремиерот задолжен за добро владеење, со сличен потег како и Касами. Ги организира структурите на Алијансата за Албанците во рамките на коалицијата. Со тоа, се создава и трето крило на партијата, откако првично се разидоа и лидерите Села и Таравари.

„Со мнозинство гласови, основачкото собрание ме овласти за понатамошни преговори во рамки на раководството на Вреди. Основачкото собрание го усвои концептот „Нова Алијанса“, како стратешки чекор кон посилно и пообединето политичко структурирање“, соопшти Арбен Фетаи, вицепремиер задолжен за добро владеење.

Вреди се обединува, но дали и се окрупнува?! Министерот за здравство, Азир Алиу, потврди дека се приклучува и пратеникот Илир Демири кој беше дел од крилото на Алијанса и во Собранието влезе во рамки на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Демири одлучи да делува како независен пратеник откако лидерот Села одлучи да го напушти политичкиот блок со интегративците.

Според министерот Алиу, мнозинството широко ги отвора портите и за други пратеници.

„Да, господинот Демири веќе знаете дека е дел од оваа иницијатива да ги споиме сите наши сили сѐ со цел да бидеме поефикасни во спроведување на тоа што граѓаните го бараат. И да, точно е дека сме во преговори и со други пратеници, со цел да може овој караван на промени да биде сѐ појак и посериозно организиран“, изјави министерот за здравство од редовите на Вреди, Азир Алиу.

Реконструкцијата на Владата, пак, според најавите би требало да се случи во мај или јуни. Во меѓувреме, во јавноста почнаа и шпекулации околу тоа кои министри би можеле да бидат сменети, а се споменуваат и повеќе ресори како правда, енергетика, земјоделство, култура и спорт. Извесно е дека во најавената реконструкција ќе се бара смена и на дел од функционерите од Вреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вреди се прегрупира и води трка за…

ПочетнаВестиВреди се прегрупира и води трка за…

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна…

Опозициската партија Алијанса 90/Зелени ја повика владата…

(Видео) Жестока тепачка меѓу хирурзи во клиника…

Двајца хирурзи се истепале на Клиниката за…

Ристески: Долг од 500 денари може да…

Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на Синдикални…

Блокирана патеката на Матка поради сериозна опасност…

Од вчера (26 февруари) стапува во сила…