Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Папата Лав XIV повикаа на заедничко славење на Велигден
Во заедничка декларација потпишана во Патријаршискиот комплекс во Фенер, Истанбул, Вселенскиот патријарх Вартоломеј и папата Лав XIV ја изразија својата подготвеност да продолжат решително да одат по патот на дијалогот со цел да се воспостави целосна заедница меѓу Вселенската патријаршија и Римокатоличката црква.
Грчкиот текст на декларацијата беше дистрибуиран од медиумите во Грција.
Двајцата архиереи нагласуваат во својата декларација дека, без да ги негираат тешкотиите што сè уште го попречуваат обновувањето на целосната заедница меѓу сите христијани и кои мора да се решат преку теолошки дијалог, „мора да препознаеме и дека она што нè обединува е верата што е изразена во Никејскиот симбол на верата“.
„Убедени сме дека одбележувањето на оваа извонредна годишнина (од Првиот Вселенски собор во Никеја во 325 година) може да инспирира нови и смели чекори по патот на единството“, пишуваат патријархот Вартоломеј и папата Лав. Тие ја изразуваат својата заедничка желба да продолжат со напорите за наоѓање решение за целиот христијански свет да го прослави Воскресението Христово на истиот ден. Во декларацијата се потсетува и дека оваа година се навршуваат уште една годишнина – 60 години од заедничката декларација на Вселенскиот патријарх Атенагора и папата Павле VI, со која се укина меѓусебната анатема меѓу Цариградската и Римската црква од 1054 година.
Вселенскиот патријарх и папата ја изразуваат својата поддршка за работата на Меѓународната заедничка комисија за теолошки дијалог меѓу Римокатоличката и Православната црква. Тие ги охрабруваат сите верници на Православната и Римокатоличката црква, а особено свештенството и теолозите, да работат на множење на плодовите што ги донесоа дијалогот и братските контакти меѓу двата правци во христијанството. Двајцата духовни водачи, исто така, забележуваат дека е трагично што во многу региони во светот воените судири и насилството продолжуваат да уништуваат многу човечки животи и се молат Бог да му го даде дарот на мирот на нашиот свет. Вартоломеј и Лав XIV во својата декларација ја отфрлаат секоја употреба на религијата и името Божјо за оправдување на насилството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Папата Лав XIV…
Во заедничка декларација потпишана во Патријаршискиот комплекс…
(Видео) Пожарот зафати гробишта и дел од…
Пожарот зафати дел од црква и гробишта…
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…