Втор протест во Куманово пред зградата на УЈП!
И денеска по втор пат протестираа кумановци кои со години работеле во американски фирми во Ирак и Авганистан пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово, против ретроактивното оданочување од шестиот месец од 2020 година.
Тие побараа правилно утврдување на даночната резидентност, укажувајќи дека биле надвор од државата повеќе од 183 дена, побараа институциите да ги признаат доказите пасоши, печати и потврди од работодавците, ревизија на изготвените решенија, привремено запирање на присилната наплата, како и усогласување на даночната пракса. Тие кажаа дека не бегаат од плаќање даноци, туку бараат правична и законска примена на прописите.
Печалбарите кажаа дека секогаш се консултирале за наплатата, како и дека во 2019-та прашувале дали треба да се плати данок и од самата Управа за јавни приходи им посочиле дека поради отсуството од 183 дена не подлежат на одначување.
Тие нагласија дека ќе испратат петиција и ќе ги известат и американската амбасада и останатите за својот проблем. На Управата ќе и предложат самата да достави официјални барања до владите на Ирак, Авганистан за тамошните платени даноци и најавија протести и во другите градови, укажувајќи дека ќе им се придружат и лица кои по различни основи остварувале приходи од 2020 во други земји, оние кои работеле на брод, како и припадници на Армијата кои биле на мисии.
Велат дека доколку знаеле за законот ќе си одвоиле пари да ги платат данокот, укажувајќи дека голем дел од нивните колеги ги потрошиле спечалените пари, потсетувајќи дека тука се потрошени парите, вложени во Куманово и Македонија.
-Работевме во екстремни и опасни услови со сериозни последици во нашето здравје, а денес сме третирани како да сме сториле нешто незаконско. Бараме конкретни одговори, правна сигурност и држава што ќе застане зад своите граѓани, порачуваат засегнатите.
Најавија и поднесување петиции и дописи до Народниот правобранител, како и до меѓународни амбасади, со цел проблемот да добие институционална и меѓународна видливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Втор протест во Куманово пред зградата на…
И денеска по втор пат протестираа кумановци…
Кој има доказ дека платил данок во…
Директорката на УЈП Елена Петрова на денешната…
Срамота: Државата бара професорот Калајџиев да плати…
Професорот по кривично право Гордан Калајџиев, на…
УЈП во 2025 собрале над четири милијарди…
Управата за јавни приходи денеска информира дека…
Втор протест пред УЈП и блокади во…
На социјалните мрежи се шири повик за…