Вуле Младеновиќ поднесе оставка од функцијата в.д. претседател на ОО СДСМ Неготино

t

Вуле Младеновиќ повеќе не е вршител на должност претседател на Општинската организација на СДСМ во Неготино. Тој одлуката за повлекување ја соопшти преку социјалните мрежи, наведувајќи дека причините се од лична и професионална природа.

Во своето обраќање, Младеновиќ посочи дека поради сериозни работни ангажмани не бил во можност целосно да се посвети на функцијата, која, како што нагласи, бара „24-часовна посветеност“. Тој истакна дека чувствува морална одговорност, бидејќи не успеал да го даде максимумот што позицијата го наложува, па затоа смета дека е чесно да се повлече и да му отстапи место на некој што ќе може целосно да ѝ се посвети на организацијата.

И покрај повлекувањето од партиската функција, Младеновиќ нагласува дека останува активен во политиката. Тој ќе продолжи да делува како член на Советот на Општина Неготино, каде што, како што наведува, ќе ги застапува интересите на граѓаните.

Во пораката упати благодарност до соработниците и активистите за досегашната доверба и поддршка, изразувајќи уверување дека партијата ќе излезе посилна и пообединета во периодот што следи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вуле Младеновиќ поднесе оставка од функцијата в.д.…

Вуле Младеновиќ повеќе не е вршител на…

Шпанија ја демантира Белата куќа: Нашиот став…

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел…

Евроамбасадорот Рокас поминал пеш во центарот на…

Евроамбасадорот Михалис Рокас на „Икс“ објави две…

Хезболах тврди дека е во директен конфликт…

Либанското движење Хезболах денеска објави дека неговите…

Бела куќа: Испраќањето американски трупи во Иран…

Белата куќа соопшти дека испраќањето американски трупи…