Вучиќ денеска ќе ја објави целата документација за падот на настрешницата во Нови Сад
Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека денеска ќе ја објави целокупната документација за проектот на реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, во обид да стави крај на неколкунеделните протести на студентите. Вучиќ изјави дека документите ги добил од Министерството за градежништво, јавното претпријатие Инфраструктура на железницата на Србија и други органи.
-Сите документи до кои дојдовме, сето она со што располага обвинителството ќе биде ставено на увид на целокупната јавност“, кажа Вучиќ, додавајќи дека никој ништо не криел и дека се водела хибридна војна.
Четиринаесетмина луѓе загинаа во уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, а уште еден од тројцата повредени почина во болница. Веднаш по несреќата започнаа протести предводени од опозициските партии и студентите, кои ја обвинуваа владата за корупција, невнимание и непотизам. Студентите бараа објавување на сите документи поврзани со реконструкцијата на железничката станица и ослободување на сите притворени демонстранти.
Вучиќ кажа дека сите кои биле уапсени на протестите се ослободени и вети дека ќе ги помилува сите оние кои би можеле да бидат осудени на идни судења.
-Со тоа се исполнети сите нивни барања и очекувам студентите да се вратат на настава“, рече Вучиќ, додавајќи во рок од 24 часа дека ќе бидат објавени вкупно 195 документи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…
Зеленски: Европа не може да ја спаси…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…