Вучиќ за апсењето на осомничените во Краљево: „Тоа се луѓе кои би да колат деца – постои доказ“

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека не знае кои се луѓето што го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае од каде доаѓаат и нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе што од тепање на неговото дете ќе стигнат до колење на неговото дете.

Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи што беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.

„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе што би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.

Според него, причината се базира на лаги што ги прочитале некаде.

„Постојат различни луѓе. Ако ви ја кажам причината, нема ни да ми верувате. Поентата е дека нешто се базира на лаги што можеле да ги прочитаат некаде, и каде што можете да претпоставите“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека има многу такви луѓе кои стануваат херои преку социјалните мрежи, каде што сè станува дозволено и дека не мисли дека тој и неговото семејство се исклучок.

„Тука е малку поизразено поради поддршката од мејнстрим медиумите“, рече Вучиќ.

Денеска Министерството за внатрешни работи на Србија објави дека припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција – Служба за сузбивање на криминалот и полицајци на ПУ Краљево, во соработка со припадници на Безбедносната и информативна агенција, уапсиле две лица од тој град поради постоење основи на сомнение дека планирале насилна промена на уставниот поредок на Србија и атентат врз претседателот на Републиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ за апсењето на осомничените во Краљево:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави…

Алиу: Привремено дозволено пушење на терасите на…

Прифатено е одложувањето на примената на законот…

Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари…

Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари…

ЧУДО ВО ЕВРОПА: Родено првото бебе од…

Во Обединето Кралство е родено првото бебе…

СДСМ: Филков многу добро знае за сценариото…

Министерот Игор Филков е дел од циркусот,…