Вучиќ му честиташе победа на Маѓар
Српскиот претседател Александар Вучиќ му честиташе на лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маѓар, за победата на парламентарните избори во Унгарија, изразувајќи верување дека силната соработка меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период, и му се заблагодари на поранешниот премиер Виктор Орбан за помошта во овозможувањето на ваквите односи.
Актуелниот премиер Орбан го призна поразот на вчерашните парламентарни избори, по 16 години на власт и најави подготвеност да се повлече. Според резултатите од Националната изборна комисија, опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, освои 138 пратенички мандати, со што обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот, недостижно за владејачката партија Фидеш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Протекување на податоци на „Тиса“: Маѓар обвинува…
Голем скандал со истекување на лични податоци…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…