Вучиќ: Не шпекулирајте дали ќе бидам премиер, тоа треба да биде моја одлука

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес ги повика функционерите на Српската напредна партија (СНС) да не „погодуваат“ дали ќе биде кандидат за премиер на идните парламентарни избори бидејќи, како што додаде, тоа прво мора да биде негова одлука.

Вучиќ рече дека во овој момент не сака да каже не на потенцијална кандидатура, но и дека не сака да работи „без енергија и ентузијазам“.

„Сега не е ниту време ниту место за тоа. Ги молам Милош (Вучевиќ), Ана (Брнабиќ), Синиша (Мали) да не зборуваат за тоа, да не шпекулираат. Прво мора да биде моја одлука, а потоа на народот, бидејќи народот сака промени, но промени што гарантираат безбедност и стабилност, а не хаос“, рече Вучиќ во обраќањето од Претседателството на Србија, каде што епископот Бихаќко-петровачки Сергије му го врачи Орденот на новомачениците оза „покажани милосрдие и голема љубов“ кон таа епархија и манастирот Рмањ.

Тој оцени дека „по 14 години е многу тешко да не се сакаат промени“.

„Постигнавме одредени резултати што денес ги земаме здраво за готово, што луѓето повеќе не ги ценат затоа што се навикнати на тоа. Мора да почнеме да се менуваме себеси, да го менуваме системот, нашето образование, да го разбираме модерното време, што е вештачка интелигенција“, рече претседателот на Србија.

Тој додаде дека во наредните денови ќе има бројни патувања и разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и индискиот премиер Нарендра Моди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Не шпекулирајте дали ќе бидам премиер,…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес ги…

Орбан тврди дека Клинтон во 1999 побарал…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во…

Првиот пациент во светот што ќе ја…

Првата личност во светот што ќе започне…

Вучевиќ: Очекувам Вучиќ да биде иден премиер

Поранешниот српски премиер и актуелен претседател на…

Мицкоски: Од каде знаете дека пет тони…

Премиерот Мицкоски на прашањето како би искоментирал…