Вучиќ не ја исклучува можноста земјите од Западен Балкан да се приклучат кон ЕУ заедно со Украина
Српскиот претседател Александар Вучиќ не ја исклучува можноста земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија заедно со Украина, преку забрзана постапка, додавајќи дека тоа е дел од процесот на кој се работи како важен сегмент од постигнувањето решение за прекин на војната.
Од гостувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ на Федералното радио и телевизија на Босна и Херцеговина / Фото: Принтскрин
Во гостување на Федералното радио и телевизија на Босна и Херцеговина, Вучиќ рече дека неговата политичка борба околу европската интеграција не се однесувала само на Србија, туку и на Босна и Херцеговина и на С Македонија.
Токму затоа, како што вели, смета дека се отвора можноста земјите од Западен Балкан да напредуваат кон ЕУ, преку забрзана постапка, во ист пакет со Украина.
Посочи дека границите ќе станат помалку важни ако сите земји од Западен Балкан се приклучат на Европската Унија или на некаков вид полуевропска унија.
„За тоа се борев. Не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и Северна Македонија“,
рече тој.
Според него, разработува посебен пристап како дел од мировниот договор за Украина. Со тоа, земјата би можела да стане членка од 1 јануари 2027 година. Таквиот модел, како што додаде, отвора можност за земјите од Западен Балкан кои се уште се надвор од Европската Унија.
На дополнително новинарското прашање дали таквото сценарио е реално, тој одговори:
„Не сум сигурен, но не би ја исклучил можноста“.
Во интервјуто се осврна и на обвинувањата поврзани со случајот „Сараево сафари“, односно дека за време на војната пукал од снајпер кон градот, тврдења што ги отфрли и ги нарече ноторни лаги.
Ги повика Бошњаците да не прават непријатели од Србите, велејќи дека односот меѓу двата народа е клучен за стабилноста на Балканот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ не ја исклучува можноста земјите од…
Српскиот претседател Александар Вучиќ не ја исклучува…
Левица дава безрезервна поддршка за протестот на…
Партијата Левица изрази целосна и недвосмислена поддршка…
Минчев: ЗНАМ е коректор во Владата
Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша…
Рејтинот на Трамп падна на историско ниско…
По настаните во Минеаполис, рејтингот на американскиот…
Последни подготовки за утрешниот протест на работниците
Синдикатите утре излегуваат на протест. Бараат 100…