Вучиќ: Пленковиќ ми рече дека воениот сојуз меѓу Загреб, Тирана и Приштина не е насочен против Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска за време на посетата на Индија изјави дека со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, разговарал за „воениот сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Приштина“ и оти Пленковиќ му рекол дека тој сојуз „не е насочен против Србија“.

– Долго разговарав со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, и за првпат зборувавме на темата за воениот сојуз меѓу Приштина, Тирана и Загреб. Можам да кажам дека премиерот Пленковиќ рече дека тоа не е насочено против Србија; сè друго што би кажал би излегло од рамките на учтивоста, пристојното однесување и би прекршило одредени правила на добра волја и рационален разговор – рече тој, пренесе Бета.

Вучиќ во моментов се наоѓа во Њу Делхи на светскиот самит за вештачка интелигенција „India Pact Summit 2026“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Пленковиќ ми рече дека воениот сојуз…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска за…

СДСМ: Владата на Мицкоски се луксузира додека…

Опозициската партија СДСМ остро ја критикува Владата…

Да го вратиме Томба дома – Апел…

Роднини, пријатели и познаници преку социјалните мрежи…

Митева до Жерновски: Со владиниот авион нема…

Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5…

Голем одрон на патот Скопје-Велес: Се вози…

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје –…