Вучиќ: Убиените Срби во Косово за мене никогаш нема да бидат терористи

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека Србите кои загинаа во конфликтот во Косово за него никогаш нема да бидат терористи.


„Момците убиени во Бањска за мене како претседател на Србија никогаш нема да бидат терористи. Тие се семејни луѓе, татковци, ќе бараме да ни покажат слики како се случило убиството. Тие поставија барикади, а не стапици поради теророт на Курти Полицаецот е ранет со експлозив, откако пукањето почнало. Тоа не ја објаснува природата на делото, но ја објаснува информацијата“, рече тој.
Во интервјуто за Око на РТС, Вучиќ рече дека Србија прогласи Ден на жалост поради сите убиени луѓе во Бањска – и поради убиените Срби и поради убиениот косовски полицаец.

Да потсетиме, ситуацијата на Косово се влоши по конфликтот меѓу Србите и припадниците на косовската полиција во неделата наутро во Бањска. Во конфликтот загинаа тројца Срби – Стефан Недељковиќ, Игор Миленковиќ, Бојан Мијаиловиќ и еден член на косовската полиција.
Во цела Србија денеска е Ден на жалост поради трагичните настани во Косово. Ден на жалост е прогласен и во Република Српска. По четиридневна блокада дозволен влез во село Бањска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…