Вучиќ: Ќе ги признаеме резултатите од изборите, какви и да бидат
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека изборите се сериозна работа и не треба да бидат предмет на политички игри, нагласувајќи дека власта ќе ги признае изборните резултати, но и дека очекува опозицијата да го стори истото доколку загуби.
Вучиќ ги коментираше реакциите на опозицијата на најавените избори.
„Изборите, како и државата, не се играчка и важно е луѓето тоа да го видат. Другата страна се движи во меурот на своите симпатизери и не сака да им се обрати на другите. Единственото што го сакаат е да ја добијат довербата на своите симпатизери. Тие не очекуваат дека, ако победат на изборите, некој утре ќе дојде кај нив на разговори и ќе се однесува онака како што се однесуваа тие, бидејќи тие ги одредуваат правилата и нормите на однесување. Верувам дека ние, доколку сме во опозиција, би се однесувале поинаку и поодговорно и дека не би ја втурнале државата во хаос“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека неговата вчерашна порака била „апсолутно фер и крајно јасна“, но дека не добил одговор од опозицијата.
„Опозицијата зборува за тоа дека рејтингот на СНС е паднат и дека тие ќе победат на изборите. Ако победат, тогаш само треба да ги дочекаме тие избори. Ние секако ќе ги признаеме изборните резултати, иако со години се зборуваше дека нема да ги признаеме. Јасно им е дека нема да биде така, па затоа сега мораат да зборуваат дека тие нема да ги признаат изборните резултати. Тоа внесува апсолутен хаос. Станува збор за широка интересна група, главно луѓе од државните структури, луѓе кои се платени од државата“, рече претседателот на Србија.
Вучиќ истакна дека ќе продолжи да повикува на разговори, бидејќи, како што наведе, тоа е единствениот одговорен пристап.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Ќе ги признаеме резултатите од изборите,…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
Двајца американски војници загинаа, еден е исчезнат…
Двајца американски војници беа убиени, а неколку…
Претседателот на Унгарија потпиша амандман со кој…
Унгарскиот претседател Тамаш Сујок го потпиша 17-тиот…
Потписот на американскиот претседател е безвреден, вели…
Врховниот лидер на Иран изјави дека кршењето…
Микробиологот Пановски предупредува: Во Гостивар има епидемија,…
Микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар…