Г.г Стефан: Признавањето на МПЦ-ОА од Православната црква на Америка е доказ за братска љубов

t

Признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на Православната црква на Америка е уште еден доказ за братската љубов и заедништвото меѓу православните цркви, изјави архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.

Во интервју за весникот „Македонија“ од Торонто, тој најави дека на 2 септември во Вашингтон ќе служи заедничка литургија со поглаварот на Православната црква во Америка, митрополитот Тихон.

„Оваа одлука е уште едно сведоштво за убавината на братската љубов. Се надеваме дека и другите сестрински цркви кога ќе дојде времето ќе ја донесат истата одлука“, порача архиепископот.

Тој во моментов е во канонска посета на Американско-канадската епархија, по повод 60-годишнините од осветувањето на храмовите „Успение на Пресвета Богородица“ во Охајо и „Св. Климент Охридски“ во Торонто.

Архиепископот Стефан на Македонците во дијаспората им порача редовно да ја посетуваат црквата, да се причестуваат, да ги поддржуваат своите општини и што почесто да ја посетуваат Македонија за децата и внуците да ја запознаат земјата на своите предци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Г.г Стефан: Признавањето на МПЦ-ОА од Православната…

Признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна…

Европската Унија ѝ се заблагодари на Бугарија…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Д-р Чибишев: Јаглеродниот моноксид и цијанводородот убиваат…

Д-р Андон Чибишев изрази жалење што повторно…

Вучиќ: Најголема вредност на Србија е народот,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод собирите…

Мерц: Германија го спаси НАТО од колапс

Германскиот канцелар Фридрих Мерц смета дека германските…