Гаши ги замолил пратениците културно да се караат

t

Пратениците да го подигнат нивото на меѓусебна комуникацоија во и надвор од Собранието, а не преку преписки на социјалните мрежи да се понижуваат и навредуваат како што тоа го направија Димитар Апасиев од Левица и Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Собранието Африм Гаши побарал од координаторите ова да им го пренесат на пратеничките групи, брифира претседателот на Собранието.

-Го покренав прашањето на дигнитетот и на етичкиот кодекс на пратениците, околу начинот на кој се однесуваме како пратеници во Собранието и надвор од него. Ги замолив координаторите да им пренесат на пратениците да бидеме повнимателни едни кон други, а исто и кон граѓаните. Затоа што во односот кој го имаме ние еден кон друг, со тоа често пати го уриваме и нашиот но и дигнитетот на  Собранието – рече Гаши.

Прашан дали мисли на препукувањата меѓу Апасиев и Стојаноска, тој рече дека не навел имиња туку дека општо зборувал.

-Не ги спомнав конкретно, зборував воопшто, но мислам дека сите се сложуваме дека тоа што го прочитавме не беше добро за угледот на Собранието. Само побарав од координаторите да зборуваат со пратениците да бидат повниметелни и да се почитуваме еден со друг. Политичките ставови може да ги кажеме каде сакаме јавно, но не мора да се понижуваме на таков начин едни со други – рече Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши ги замолил пратениците културно да се…

Пратениците да го подигнат нивото на меѓусебна…

(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…

(Во живо) Трендафилов: Добро утро на сите,…

Денеска започна блокадата организирана од Социјалниот сојуз…

Гаши: Дали ќе дојдат пеш или порано,…

Не верувам дека некој од пратениците ќе…

ССМ утре го блокира Собранието – „Пратениците…

*Објава на Сојузот на синдикати на Македонија…