„Гаши го виде Трамп“: Спикерот објави фотографија од Молитвениот појадок во Вашингтон

t

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на годишниот Национален молитвен појадок во Вашингтон, традиционален настан на кој претседателот на САД ги собира политичките, верските и бизнис-претставниците.

„На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, додека учеството на претседателот на Собранието во овој момент беше можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка“, се вели во соопштението од Собранието.

Гаши на „Фејсбук“ објави и фотографија од него заедно со други учесници на настанот, меѓу кои и поранешниот црногорски премиер Дритан Абазовиќ, како и уште една, значително зумирана, од Трамп како држи говор.

Доналд Трамп држи говор на Молитвениот појадок / Фото: Африм Гаши / Фејсбук
Трамп, кому една од главните точки на кампањата му беше тоа дека „не започнал ниту една војна“, а спречил неколку, во говорот ја фалеше моќта на американската војска во неговиот втор мандат и ја спомена интервенцијата во Венецуела и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, како и нападите врз нуклеарните постројки на Иран.

„Пред две години, никој не сакаше да оди во војска. Ви се смееја и ви велеа дека не ја почитуваат нашата земја. Не го почитуваа нашиот претседател. Не го сфаќаа сериозно. Не ја сфаќаа нашата земја сериозно“, рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Гаши го виде Трамп“: Спикерот објави фотографија…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на…

Поднесена кривична пријава: Заканите за убиство на…

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска официјално…

Максо корегира: Сејф Сити е одличен проект…

Актуелниот градоначалник на Куманово и претседател на…

(Видео) По заканите за „убиства и тепачки“,…

Лицето кое за време на протестите се…

Со пари од Будимпешта ќе се гради…

Компанија посредно оснoвана од унгарскиот МОЛ сака…