Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија дел од својата иднина, ова е болка на целото општество!

t

Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат оставајќи спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат, порача претседателот на Собранието на денешната комеморација по повод 1 година од трагедијата во Кочани.

– Постојат утра што будат надеж, но има и мрачни утра што ја гасат надежта и предизвикуваат само болка, такво утро беше 16 март 2025 година. Ноќ која започна со забава, а заврши со плач, рани и болка што длабоко продре во срцето на целата држава.

Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија дел од својата иднина. Таа ноќ заедно со животите на 63 млади луѓе, со себе ги однесе и соништата и плановите што штотуку почнаа да се градат.

Денес стојам пред вас со длабоко чувство на тага и тежок товар на одговорноста. И по една година тешко е да се изберат зборови, но уште потешко е да се изговорат, вели Гаши кој вели дека ова не е обична комеморативна седница, туку поклонување пред животите што згаснаа.

Тука сме да испратиме порака дека семејствата не се сами, вели Гаши кој истакна дека солидарноста која се појави тој ден меѓу граѓаните и државите покажа дека солидарноста нема ниту етнички, ниту верски, ниту било каков предзнак.

Гаши изрази огромна благодарност кон сите кои помогнале и додаде дека таа помош нема да биде заборавена.

Според претседателот на Собранието правда мора да има бидејќи таа може да донесе мал спокој за семејствата и општеството. Гаши ги охрабри институциите да дејствуваат правилно за да се дојде до правдата.

– Почитувани родители, со голема одговорност Ви се обраќам во името на сите граѓани и институвии, вашата болка е болка на целото наше општество, а споменот кон нив е врежан во нашата колективна свест, нагласи Гаши.

– „Оваа трагедија е последниот аларм за сите политички и оштествени чинители, да се вратиме кон самите себе, кон нашата човечност, да се издигнеме како феникс и повторно да ја изградиме оваа држава, овојпат врз основа на чесност, праведност и искреност. Ова да биде последната трагедија. Бог да ги помилува душите на оние што таа ноќ заминаа во вечност. Вечна им слава“ – рече претседателот на Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…

Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…

Комеморативна седница во Собранието за годишнината од…

Во Собранието денеска ќе се одржи Комеморативна…

Обоена со сина боја зградата на МВР…

Денес на 7 март, светот ќе им…

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со…

Обезбедувањето повраќаа црнила, па пак се враќаа…

„Обезбедувањето повраќаше црнила, ја ставаа пак маицата…