Георгиевски: Бугарите ни ја најдоа слабата точка – ќе нѐ бугаризираат преку Србија

t

Екс-премиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски тврди дека, како што вели, борбата против бугаризацијата на Македонија има и своја комична страна. Според него, тоа е во случаи:

„Кога Србите ги нарекуваат Гоце Делчев и Даме Груев бугарски агенти. Кога Србите ја нарекуваат ВМРО бугарска терористичка организација. Кога Србите во сред Македонија цели области ги нарекуваат бугарашки, минатата недела во Валандово, претходно во Рамне охридско, а скоро и на сите нивни прослави за ослободувањето на Стара Србија“.

Георгиевски преку јавна објава истакнува дека „никој македонски лажен париот не покажува знаци на живот“.

-Очигледно Бугарите ни ја најдоа слабата точка. Ќе не бугаризираат преку Србија, потенцира претседателот на ВМРО-Народна.

Пред неколку дена ВМРО-Народна упати жестоки критики до актуелната Влада поради начинот на кој се одбележал историскиот настан во Валандово. Од партијата обвинуваат за поданички однос кон великосрпската политика и за премолчување на директни навреди кон македонската историја.

Според соопштението од ВМРО-НП, за време на предвелигденските празници, во Валандово била одбележана „српската окупација на Македонија“, и тоа со највисоки државни почести – под македонско знаме, со интонирање на државната химна, присуство на македонската почесна гарда и посебна делегација на ВМРО-ДПМНЕ.

Српските говорници, според реакцијата, ја нарекле историската организација ВМРО (во тоа време предводена од Петар Чаулев и Павел Шатев) „бугарска терористичка организација“, додека Македонците од струмичко-валандовскиот крај биле наречени „Бугари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Георгиевски: Бугарите ни ја најдоа слабата точка…

Екс-премиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски…

Нова анкета пред изборите во Бугарија: Радев…

Партијата „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев има…

Спречен обид да се прошверцуваат 40 тони…

Парични казни од над 19 илјади евра…

ОН ѝ дава на Бугарија шест месеци…

Официјална Софија се најде под силен меѓународен…

Србија ризикува да изгуби милијарди евра помош…

Србија се соочува со загуба до 1,5…