Герасимовски: Општината Центар итно реагираше – просторот е обезбеден, а инвеститорот санкциониран
Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат соопшти Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар.
По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, при што веднаш се изречени најстроги законски казни и санкции кон инвеститорот за непочитување на обврските и предизвикување штета врз јавната инфраструктура.
Паралелно со инспекцискиот надзор, екипи на Општина Центар излегоа на терен и веднаш презедоа мерки за обезбедување на локацијата. Поставени се сигурносни појаси и предупредувачки ленти со цел заштита на граѓаните и безбедно движење во непосредна близина на оштетениот простор.
„Општина Центар нема да толерира несовесно и неодговорно постапување од страна на инвеститори, особено кога се загрозува безбедноста на граѓаните и се оштетува јавниот простор. За секое прекршување ќе следуваат ригорозни мерки согласно законските надлежности. Истовремено, инвеститорот е задолжен итно да го обезбеди просторот, да преземе мерки за заштита и санација, како и целосно да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба“, стои во соопштението на Општина Центар.
Од Општината соопштија дека ќе останат на терен и ќе ја следат ситуацијата сè до целосно отстранување на последиците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимовски: Општината Центар итно реагираше – просторот…
Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со…
(Видео) Инспекциските служби на Општината и МВР…
Инспекциските служби на Општина Центар заедно со…
Руското МНР ги предупреди странците да го…
Руското Министерство за надворешни работи ги предупреди…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета…
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе…
Трамп: Арапските лидери да ги потпишат Абрахамовите…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…