Германија и Франција сакаат заеднички став на ЕУ за новите американски царини
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека сака да разговара со своите европски сојузници за да биде најден заеднички одговор на новите американски царини, пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
„Ќе имаме многу јасна европска позиција за ова прашање, бидејќи царинската политика е прашање на Европската Унија, а не на поединечните земји-членки“. Ќе бидам во Вашингтон за малку повеќе од една недела. И ќе одам во Вашингтон со заедничка европска позиција“, изјави Мерц за телевизијата AДР.
Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба што ќе стапи на сила на 24 февруари за рок од 150 дена и ќе воведе „глобална“ царина од 10 проценти, за која денеска објави дека се зголемува на 15 проценти.
Ретките исклучоци се однесуваат на фармацевтските производи и увозот опфатен со договорот меѓу САД, Мексико и Канада. Трамп реагираше на пресудата на Врховниот суд во која се утврди дека претседателот ги пречекорил своите овластувања со прогласување економска вонредна состојба за да ги оправда царините што беа претставени како „реципрочни“.
„За мене, постои смирувачки елемент во одлуката донесена вчера од Врховниот суд: се чини дека поделбата на властите во Соединетите Американски Држави сè уште функционира – тоа е добра вест“, рече Мерц.
Франција, исто така, сака „заедничка“ реакција од Европската Унија, изјави денеска министерот за надворешна трговија.
„Ќе биде потребен единствен пристап од Европската Унија“, рече Николас Форизје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија и Франција сакаат заеднички став на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
Лагард: На Европската Унија не и се…
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин…
(Видео) Судии и обвинители на протест во…
Судиите, обвинителите и адвокатите денеска одржаа протест…
(Видео) Нов протест во Сараево – младите…
Во Сараево денеска се одржа седмиот граѓански…
Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…