Германија ќе купува американски ракети „томахавк“
Германија постигна договор со американската влада за набавка на крстосувачки ракети „томахавк“ и нивно распоредување на германска територија, изјави канцеларот Фридрих Мерц пред пратениците во Берлин, јави „Ројтерс“.
Мерц рече дека се сретнал со претставници на Вашингтон на маргините на самитот на НАТО во Анкара за да го запечати договорот, додавајќи дека самитот ги надминал сите негови очекувања.
„Ова затвора критична стратешка празнина во нашата одбрана, додека работиме на развој на сопствени европски системи и нивно распоредување во Европа“, рече тој.
Судбината на ракетите „томахавк“ е нејасна откако претседателот Доналд Трамп во мај објави дека ќе го намали американското воено присуство во Германија, што се сметаше за откажување на планот на претходната администрација за распоредување американски баталјон ракети со долг дострел во земјата.
Берлин инсистираше дека овој потег ќе има ефект на силно одвраќање против Русија, бидејќи Европејците развиваат свое оружје од овој тип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија ќе купува американски ракети „томахавк“
Германија постигна договор со американската влада за…
Мапа на движење на зајачката риба: Еве…
Интерактивна мапа што ја објави Грчката мрежа…
Лекот Фостер од 1 август ќе биде…
Лекот Фостер од први август ќе биде…
Претседателот на Парламентот на Словенија предлага референдум…
Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, предложи…
Не сака да го носи презимето Нетанјаху:…
Јаир Нетанјаху, син на израелскиот премиер Бенјамин…