Германскииот министер за одбрана: Путин е единствениот кој може брзо да ја запре војната

t

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во интервју за неделникот „Ди Цајт“ изјави дека, според него, рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за воспоставување мир во Украина, иако, како што изјави, токму Москва има клучна улога во брзото запирање на борбите.

И покрај напорите на Американците, Европејците и Украинците за постигнување прекин на огнот, од Москва нема сигнали дека Владимир Путин е заинтересиран за прекин на војната“, рече Писториус, додавајќи дека рускиот лидер е единствениот кој може да ги запре непријателствата на краток рок.

Во исто време, германскиот министер ги поздрави разговорите одржани во Берлин на 15 и 16 декември, потсетувајќи дека германскиот канцелар Фридрих Мерц јасно изјавил дека Европа мора да го има својот глас во сите идни преговори за украинскиот конфликт.

Писториус, исто така, го нагласи значењето на, како што рече, „невидениот заем“ за Украина, со вкупна вредност од 90 милијарди, кој, според него, треба да му помогне на Киев да ги покрие своите воени потреби во следните две години.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин на 19 декември изјави дека Москва е подготвена и има волја мирно да го реши конфликтот во Украина. Тој, сепак, оцени дека Киев одбива да ја заврши војната со дипломатски средства, иако, како што изјави, во исто време од Украина доаѓаат одредени сигнали за подготвеност за вклучување во некаков вид дијалог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германскииот министер за одбрана: Путин е единствениот…

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во…

Египќанец повикал, Мароканци изразиле подготвеност за напад…

За четворица од осомничените се издадени официјални…

Мерц: Германија мора да ги следи своите…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека…

Германија испраќа војници на источната граница на…

Германија соопшти дека испраќа група војници во…

Германија го повика рускиот амбасадор поради хибридни…

Германското Министерство за надворешни работи денеска го…