Германскиот канцелар Мерц повторно избран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка конзервативна партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денеска повторно го избра канцеларот Фридрих Мерц за свој претседател.
Мерц беше поддржан од огромно мнозинство од 878 делегати, од вкупно 963 валидни гласови дадени на националниот собир на партијата во Штутгарт, пренесе ДПА.
Ова беше негов втор најдобар резултат. Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 отсто од гласовите на онлајн партиска конференција, што подоцна беше потврдено со гласање по пошта со 95,3 проценти. Во 2024 година, тој доби 89,8 отсто поддршка.
Дводневната конференција доаѓа на почетокот на интензивна изборна година за ЦДУ, со пет планирани покраински избори кои треба да се одржат во март и септември.
Во две источни покраини, крајната десница, според анкетите, котира подобро од конзервативците.
Мерц претходно на собирот порача дека ЦДУ мора да „спречи десничарскиот радикализам повторно да се всели во државните канцеларии во Германија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германскиот канцелар Мерц повторно избран за лидер…
Германската владејачка конзервативна партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ),…
Мерц: Мали се шансите за брз крај…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека има…
Германија ќе го зајакнува надворешното разузнавање поради…
Германија се стреми да ја зајакне својата…
Криза во германската автомобилска индустрија: Секоја втора…
Кризата во германската автомобилска индустрија со полна…
Јавниот превоз во Германија парализиран поради штрајк
Јавниот превоз во Германија е во голема…