Германските аеродроми предупредуваат: Поради цената на керозинот ќе има поскапи билети и откажани летови
Доколку цените на керозинот останат високи, германските аеродроми очекуваат во летниот период да има откажувања на летови што би можеле да погодат милиони патници, а некои аеродроми стравуваат од пад на капацитетот за десет проценти.
Како што пренесува „Дојче Веле“ директорот на Здружението на германските комерцијални аеродроми (АДВ) Ралф Бајзел, изјавил за весникот „Велт ам Зонтаг“ дека со тоа би биле засегнати 20 милиони патници.
Постои страв дека особено кај нискобуџетните авиокомпании и туристички помалку важните дестинации ќе има дополнителни укинувања на летови…Некои дестинации тогаш воопшто нема да се опслужуваат, а други ќе се посетуваат поретко и со повисоки цени, изјави директорот на АДВ.
Поради војната во Иран, пораснаа и цените на керозинот, кои повеќе од два месеца се двојно повисоки отколку пред војната. Бајзел не очекува нормализација ни во наредните месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германските аеродроми предупредуваат: Поради цената на керозинот…
Доколку цените на керозинот останат високи, германските…
Николоски: Македонија стана енергетски центар за авиосообраќајот
И во услови на глобална нестабилност и…
Полска е подготвена да ги прими американските…
Полскиот претседател Карол Навроцки во средата изјави…
Писториус: Се очекуваше повлекување на американските трупи…
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус вели…
Пентагон: САД повлекуваат 5.000 војници од Германија
САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија,…