Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата, велат од СДСМ

t

Криминалната власт почна со репресијата врз функционерите на СДСМ со нарачни судски пресуди, велат од СДСМ.

„Како што најавивме, ги поставија своите судии и обвинители и тргнаа.

Нема повеќе независно судство ниту независно обвинителство. Сѐ ставија во своите канџи. По носењето Декрет и забраната за слобода на говор со предавничката Резолуција гледаме нарачани судски пресуди и законски казни за функционерите на СДСМ, како што денеска е осуден поранешен директор на затворот Филип Андонов и член на Извршниот одбор на партијата. ВМРО-ЗНАМ ја активираа последната фаза од својата кампања – фазата на репресија и политички прогон“. На објавените скандали, пријави за криминал и корупција од СДСМ, како што посочуваат од оваа партија, никој не реагира. „А сега лесно и брзо носат пресуди, затоа што така им е наредено. Додека вистинските криминалци од власта на ВМРО и ЗНАМ се богатат преку криминални тендери, се обидуваат да ја запрат нашата борба со нарачани судски пресуди и политички прогон. Нема да ја запрат нашата борба. Нема да нѐ запрат ниту тие, ниту оние што одвнатре ја подриваат партијата. Никој! Сите ќе одговарате! Работата не е завршена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги поставија своите судии и почнаа со…

Криминалната власт почна со репресијата врз функционерите…

Мицкоски: Железницата ја враќаме на шините на…

Почнати се градежните работи за Линијата 1…

Објавени архиви: Блер вршел притисок да не…

Поранешниот британски премиер Тони Блер вршел притисок…

Mинималната плата под прагот на сиромаштија –…

– Податоците на Државниот завод за статистика…

(Видео) По обидот за атентат врз Путин…

Радио станицата Doomsday неочекувано почна да ја…