Глигоров е веројатно единствениот македонски политичар кој не си ја продал душата
Во еден ден Македонија од декласифицирани документи на ЦИА разбра дека Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата.
Дека најверојатно атентатот го направила терористичка келија на ВМРО-ДПМНЕ.
Но и дека ЦИА разгледувала и други опции дека за обидот за атентат може да стои Србија, радикални исламистички или албански националистички структури, но и самата Влада на СДСМ.
Првиот документ говори за големината на Глигоров кој е веројатно единствениот македонски политичар кој не си ја продал душата. Искрено не би ни помислил ништо поинаку за човек кој со пушка ја направил оваа држава.
Другите два документи говорат дека елементи на оваа држава отсекогаш се стремеле да го уништат најдоброто што истата има да го понуди.