Го криел нападот на советникот од Виница: Кривична за вработен во СВР Штип, прикривал траги за сторител да не биде откриен

t

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ч.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување на кривично дело или сторител“ и „помагање на сторител по извршување на кривично дело“. На 02.10.2025, додека извршувал работни задачи во СВР Штип, пријавениот свесно пропуштил да пријави извршено кривично дело „тешка телесна повреда” од страна на едно лице, на кого со прикривање на трагите и предметите кои потекнуваат од извршеното кривично дело, му помогнал да не биде откриен.

Претходно Инфомакс објави дек Умут Скопко, кандидат за советник во Општина Виница, од партијата Демократски сили на Ромите, која, пак, е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше мета на физички напад.

Откако започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот, осомничениот пред објектот најпрво го фатил оштетениот за јакната и му задал повеќе удари со тупаници во стомакот. Потоа продолжиле да се туркаат и да се удираат со камења.

Присутни лица се обиделе да ги раздвојат, но во еден момент осомничениот со камен го удрил оштетениот во задниот дел од главата и тој од ударот паднал во бесознание. Му била нанесена тешка телесна повреда – скршеница на черепот на главата, поради која оштетениот се наоѓа во кома и е неконтактибилен, а животот му е доведен во опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го криел нападот на советникот од Виница:…

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ч.(43)…

ВРЕЌИ ПОЛНИ СО ПАРИ, ЗЛАТЕН ТОАЛЕТ, ТАЈНИ…

Сцени од раскошни станови во Киев, од…

УЛИЧНИ ПРОДАВАЧИ НА ХРАНА ВО ИСТАНБУЛ УАПСЕНИ…

Турските обвинители уапсија четири лица под сомнение…

Велс минимално го совлада Лихтенштајн, Македонија со…

Фудбалерите на Велс вечерва го победија Лихтенштајн…

Трамп најави одлука за Венецуела додека се…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „некако“…