Голема фирма за брзи кредити останала без лиценца, министерството не открива која
Министерството за финансии соопшти дека му ја одзело дозвола за работа на, како што наведува, „едно од поголемите финансиски друштва на пазарот“, откако граѓанин пријавил, а вонреден надзор открил сериозни неправилности и непочитување на законот. Министерството не го открива името на фирмата за брзи кредити која останала без лиценца.
„Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на утврдените прекршоци и сериозноста на констатираните неправилности, Министерството за финансии во мај донесе решение за одземање на дозволата за работа на финансиското друштво“, пишува во соопштението од МФ.
Од почетокот на годината досега, изречени се 22 глоби за 16 друштва, како и 23 писмени наредби за отстранување на утврдените неправилности, велат од Министерството, додавајќи дека се подготвуваат и законски измени со кои дополнително ќе се заострат условите и критериумите за работа на финансиските друштва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските банки ќе ги простат кредитите на…
Банките самостојно ќе ги отпишуваат кредитите на…
БРИКС почнува да дава кредити во локални…
Новата развојна банка БРИКС (Бразил, Русија, Индија,…
Поскапуваат кредитите: НБРМ повторно ги зголеми каматните…
На 20 јуни 2023 година се одржа…
Со туѓи лични карти успеале да присвојат…
Три лица се уапсени и против нив…
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка: Поскапуваат…
По одлуката на Народна банка да ја…