Горивата повторно ќе поскапат, новите цени ќе бидат познати утре
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ги објави новите малопродажни цени на горивата, а поради растот на цената на нафтата на светските пазари и зајакнувањето на американскиот долар се очекува ново поскапување.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека Владата размислува за намалување на акцизите за горивата, но не прецизираше кога би можела да биде донесена таква мерка.
„Немаме направено калкулација за покачувањата, но ќе има, бидејќи цените на нафтата и горивата значително пораснаа во изминатата недела, а и курсот на доларот е повисок во споредба со претходниот период“, изјави Мицкоски.
Од СДСМ ја оценија најавата како задоцнета, обвинувајќи дека Владата не реагирала навреме на претходните поскапувања.
„Граѓаните со месеци плаќаат повисоки цени не само за горивата, туку и за основните производи, додека Владата не презеде конкретни мерки“, соопштија од партијата.
Во меѓувреме, Владата донесе одлука за продолжување на кризна состојба до 20 октомври.
Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на дизелот се зголеми за 5,5 денари по литар, додека бензините поскапеа за 1,5 денари по литар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горивата повторно ќе поскапат, новите цени ќе…
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ги…
Високи температури низ Македонија, попладне локална нестабилност
Времето денеска ќе биде сончево и многу…
Американците ги таргетираат мостовите во Иран за…
Конфликтот меѓу САД и Иран добива на…
„ЕК да ја објави целата комуникација за…
Поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која е подносител…
Во Дубровник уапсен 55 годишен Бугарин, на…
Полицијата во Дубровник уапси 55-годишен бугарски државјанин…