Градоначалник и поранешен пратеник уапсени поради корупциски скандал во Хрватска
Градоначалникот на хрватскиот град Нова Градишка, Винко Гргиќ, во четвртокот бил уапсен во својата луксузна вила на ридот над градот со кој управува веќе десет години, објави „Јутарњи“.
Тој се товари за дури три коруптивни кривични дела.
Гргиќ е осомничен дека во одделни случаи барал и примал мито од повеќе луѓе, од кои некои, исто така, се уапсени, а во врска со работи поврзани со Град Нова Градишка.
Меѓу уапсените е и поранешниот пратеник и сопственик на фирмата МИГ, Мато Гавран.
Истражителите се сомневаат дека Гргиќ примил мито од Гавран. Наводно станува збор за „донација“ од околу 1.000 евра, која Гавран и неговата сестра ја уплатиле на сметката на независната листа на Гргиќ за време на кампањата за локалните избори лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалник и поранешен пратеник уапсени поради корупциски…
Градоначалникот на хрватскиот град Нова Градишка, Винко…
Хрватска, Албанија и Косово ќе одржат заеднички…
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу го…
Хрватска нема да учествува во „Одборот за…
Хрватска нема да се приклучи на „Одборот…
Трамп го покани хрватскиот премиер Пленковиќ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп го покани хрватскиот…
Хрватска ги отфрли обвинувањата на Вучиќ за…
Хрватска ги отфрли обвинувањата од српскиот претседател…